„СРНИЧКИТЕ“ ВО ПОСЕТА НА МКЦ

Децата од големата возрасна група од детската градинка „Срничка“, објект „Црвенкапа“, неодамна го посетија Младинскиот културен центар (МКЦ).

            Во рамките на посетата на детскиот креативен центар, дечињата имаа можност да ги утврдат стекнатите говорни и математички знаења, да го развиваат творештвото и да учествуваат во едукативни и истражувачки активности.

             Љубопитните мали „сезнајковци", следеа и програма со интерактивна содржина реализирана од страна на едукаторот во Планетариумот.

                                                                                                          

 

17.2.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео