ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ќе одржи прес-конференција утре, 16.2.2017 година (четврток), во 11:00 часот во Кабинетот на градоначалникот на Општина Аеродром.

Тема на прес-конференцијата е реконструкција на фасади на најоштетени станбени објекти на територијата на Општина Аеродром, а на настанот се очекува да присуствува и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

15.2.2017

Општина Аеродром