„Создавање иновативна иднина“ во рамки на Еразмус+ КА 101

ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ ОД ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ЗА ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ

Наставници од ОУ „Лазо Ангеловски“ неодамна посетија обука за развивање на ИКТ компетенции во рамки на проектот Еразмус+ КА 101, што се одржа во Севилја, Шпанија.

               Целите на обуката, насловена „Создавање на иновативна иднина“, беа  развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење во кои учениците ќе бидат активни учесници во образовниот процес.

               Исто така, наставниците кои ја посетија обуката учеа и за прилагодување и персонализирање на активностите за учење, со цел да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности со користење на дигиталните алатки и ресурси.

               Во следниот период учесниците во обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.), како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање обуки за наставници од училишта од Општина Аеродром и пошироко.

               Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер IDevelop, стручен во професионален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во согласност со Еразмус+ принципите.

 

              

               15.2.2017

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео