Работилница во „Чекорче“

ВОСПИТУВАЧИТЕ ОД „СРНИЧКА“ УЧЕА КАКО ДА СЕ СПРАВУВААТ СО СТРЕСОТ

Воспитувачите од детската градинка „Срничка“ неодамна учествуваа во работилница посветена на емоционалната интелигенција и справувањето со стресот, која се одржа во објектот „Чекорче“.

            Учесниците на почетокот од работилницата го слушаа предавањето на тема „Емоционалната интелигенција и стресот во изборот на однесувањето“, а потоа се запознаа со неколку техники на дишење и практични мудрости за ослободување од негативните емоции.

             Притоа, воспитувачите добија корисни совети за тоа како да ја зголемат својата способност за прифаќање на стресните ситиуации што придонесува за намалување на импулсивното однесување, како и за зголемување на подготвеноста за преземање соодветни рационални акции.

            Работилницата беше реализирана од интернационалната асоцијација за човекови вредности Фондација „Уметност на живеењето“, а предавањето го одржа психологот Теодора Костовска.

 

14.2.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео