ПОВИК: Младински локален активизам

Со чинење на позитивни промени во заедницата, освен што работиме на тоа да го подобриме нашето секојдневие, го подобруваме и личниот и професионален развој кој расте заедно со делата кои ги правиме.

Затоа, доколку имаш од 16 до 24 години, живееш во Oпштинa Аеродром, и сакаш да промениш нешто во твојата локална заедница, сега е вистинската шанса да дејствуваш.

Аплицирај и биди дел од проектот „Младински локален активизам“, каде 20 млади жители на Oпштинa Аеродром ќе добијат шанса да го подобрат своето секојдневие преку директно инволвирање во решавањето на работите кои им пречат, а притоа ќе се стекнат со нови искуства, знаења и вештини.

Секој учесник во проектот ќе има можност да ги помине следните три модули:

Модул 1: 11 – 12 февруари, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;

Модул 2: 18 – 19 февруари, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.

Модул 3: март – мај, имплементација на локални иницијативи во Oпштинa Аеродром.

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScIB0vc-mnu8NZeo1Bz9mpHa9qv0B0V542LxXCg-xAT3RV8Dw/viewform .

Рокот за аплицирање завршува на 08.02.2017 година (среда), во 16:00 часот.

* На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

** За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите три модули.

Твоето дејствување е своевидна порака за светот. Биди нечија инспирација!

 

Актуелно

img
img img

Видео