ВО ПОНЕДЕЛНИК 62 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 6.2.2017 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 62-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-Одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија, за извршен попис  во Општина Аеродром со состојба на ден 31.12.2016 година

2.    Предлог-Одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на детските градинки на територијата на Општина Аеродром

3.    Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлука за утврдување потреба од започнување на постапка за измена на урбанистичко-планска документација

4.    Предлог-Одлука за формирање Просторни сили за заштита и спасување

5.    Предлог-Одлука за разрешување претставник од Општина Аеродром - член во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

6.    Предлог-Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

7.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош за смрт на член на потесно семејство на вработено лице во Општина Аеродром и во општински буџетски корисник

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3978)

9.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 294 и КП 296)

10.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3898)

11.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 4055)

12.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 1898).

 

2.2.2017                                  

Општина Аеродром