ПОСЕТА НА НЕОДАМНА ОТВОРЕНАТА ГРАДИНКА „ШТРКЧЕ“

Денеска, 23.1.2017 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со премиерот Емил Димитриев и министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, ја посети неодамна отворената детска градинка во Општина Аеродром „Штркче“, во рамки на клонот „Чекорче“ со капацитет за згрижување на повеќе од 250 дечиња.

Градинката содржи 6 големи занимални на приземје и на кат, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.

Објектот ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.

Ова е трета нова детска градинка во Општина Аеродром, која се очекува да ја задоволи потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во Општина Аеродром.

Средствата за новата детска градинка од околу 25 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

 

23.1.2017

Општина Аеродром