Заврши еко-акцијата во Општина Аеродром
Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во текот на ноември и декември реализираше голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, на која за наведениот период се собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.
Поточно, во УЗ „Стар Аеродром“ се собрани 93 кг, УЗ „Бисер“ и „УЗ „Јане Сандански“ 1.140 кг, УЗ „Острово“ и УЗ „Мичурин“ 248 кг и во УЗ „Ново Лисиче“ 426 килограми.
Под електронски отпад всушност се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
23.1.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.