На 25.1.2017 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 61-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог-Одлука за утврдување изглед на фасади на објекти на подрачјето на Општина Аеродром
2. Предлог-Одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на детски меѓународен фестивал „Св.Троица“
3. Предлог-Одлука за доделување донација на Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ Скопје, за реализација на проект „Слобода во вода“
4. Предлог-Одлука за спонзорство на манифестацијата Илинденски марш
5. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1131/2)
6. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2573)
7. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4034)
8. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3564/1)
9. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3564).
20.1.2017
Општина Аеродром
08-04-24