ПАРКОТ „НИРНБЕРГ“ ВО НОВО ЛИСИЧЕ ЛЕТОВО ЌЕ ДОБИЕ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче претстојново лето ќе добие автоматски систем за наводнување.

Имено, Општина Аеродром деновиве објави тендер за изградба на систем за наводнување за паркот кај игралиштето „Нирнберг“ покрај булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче. Според проектот, системот за наводнување ќе содржи над 200 прскалки, кои ќе се вклучуваат автоматски во одредени временски интервали и на тој начин зелените тревни површини константно ќе ги одржуваат свежи. Важно е да се напомене дека системот за наводнување ќе се напојува со бунарска вода и на тој начин ќе се заштеди водата за пиење.

Ист ваков автоматски систем за наводнување ќе биде изграден и во двата паркови меѓу зградите зад ТЦ „Скопјанка“, кој ќе покрива вкупно 13.000 квадратни метри зелена површина.

Со изградбата на овие системи за наводнување тоа Општина Аеродром, всушност, продолжува да ја шири автоматската мрежа за наводнување, која веќе ја има воспоставено во повеќе зелени паркови, меѓу кои Паркот со авион, Паркот на езерата, Паркот на светлината, Бановина, Паркот 13 Ноември, Паркот Јане Сандански и Паркот Тоше Проески.

 

 

16.1.2017

Општина Аеродром

 

 

 

 

 

 

           

 

Актуелно

img
img img

Видео