СНЕЖНА ПРИКАЗНА НА „СРНИЧКИТЕ“

Срничките“ и оваа година го пречекаа Дедо Мраз во својата градинка со новогодишната претстава „Мала снежна приказна“ и заедно со пријателите од СОС Детското село се радуваа на пакетчињата што им ги подели Дедо Мраз.

Дедо Мраз ги посети сите објекти на градинката „Срничка“ и им посака на децата да им се исполнат сите замислени желби, да бидат здрави, весели, насмеани, да имаат незаборавна новогодишна ноќ и верни пријатели да им бидат смеата и радоста.

Исто така, дечињата од голема група од градинката „Срничка’’ - објект Лале ја посетија библиотеката „Јане Сандански“ по повод Нова година, а детските желби за годината што доаѓа беа претставени преку детските новогодишни цртежи, стихотворби и песнички за зимата, елката и Дедо Мраз. Новогодишната програма беше збогатена со читање сказни од богатиот фонд на библиотеката. Дечињата им подарија честитка за Нова година на вработените во библиотеката, а тие на децата им подарија  членски карти, со кои ќе можат да изнајмуваат сликовници во текот на целата година.

 

28.12.2016

Општина Аеродром