Голема еко-акција за собирање стара електроника и електрика

ЖИТЕЛИТЕ ОД НОВО ЛИСИЧЕ ГИ ИСЧИСТИЈА ДОМОВИТЕ ОД ОПАСНИОТ ОТПАД

Во саботата, 24.12.2016 година, граѓаните од населбите Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“ и од Февруарски поход се ослободија од електричниот и електронскиот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Акцијата која се реализира во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, продолжува наредната 2017 година и ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница, како и до сега.

 

26.12.2016     

Општина Аеродром