ХУМАНИТАРНА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ВО „БУБА МАРА“

Во детската градинка „Буба Мара“ се одржа хуманитарна театарска претстава под логото „Продолжи понатаму“ во рамки на проектот „Од дете за дете“.

Актери, сценаристи, костимографи, одговорни за музика и целосна организација и реализација на театарската претстава е тимот на воспитувачи од објектот Пчелка 2 и стручниот тим на детската градинка

Театарската претстава се одржа пред родителите и децата, кои донираа парични средства наменети за дете од градинката на кое му се најпотребни.

                                                 

26.12.2016

Општина Аеродром