Конкурс „Отпад за уметност“

„БУБА МАРА“ ОСВОИ ПРВО МЕСТО СО ЕКОЛОШКА НОВОГОДИШНА ЕЛКА

Детската градинка „Буба Мара“ учествуваше на конкурсот „Отпад за уметност“ (Trash for art), на кој освои прво место во категоријата градинки, со новогодишна елка изработена од картонски кутии, пластични шишиња, хартија и еко-бои.

На конкурсот „Отпад за уметност“ имаше над 80 пријавени учесници поделени во три категории, основни училишта, детски градинки и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации)

Инаку, градинката „Буба Мара“ неодамна организираше еколошка кампања „Пластиката ја селектираме, пластиката ја рециклираме“, која се реализираше во сите пет објекти на градинката и во која беа вклучени сите вработени, децата и родителите, на која се собраа огромен број пластични шишиња и друг вид пластика, кој понатаму се искористи за изработка на уметничкото дело со кое учествуваа на конкурсот „Отпад за уметност“.

 

23.12.2016

Општина Аеродром