Брифинг на градоначалникот Ивица Коневски

ИНФРАСТРУКТУРАТА ПРИОРИТЕТ ВО 2017 ГОДИНА

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, одржа прес-конференција денеска, 22.12.2016 година, на која го презентираше Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година со акцент на најзначајните проекти предвидени за наредната година.

„Изминатава 2016 година посветено работевме на значајни проекти за напредокот на нашата општина, проекти што значат одговор на потребите и барањата на жителите на Аеродром, проекти за подобрување на условите за живот. Аеродром е општина, која реализираше веројатно најголем број проекти во 2016 година во Република Македонија“, изјави градоначалникот Коневски и ги најави најзначајните проекти предвидени во Буџетот за 2017, каде акцент е ставен на инфраструктурата.

Во наредната 2017 година во Буџетот испланиравме средства за да градиме и да создаваме што е можно повеќе за жителите на Аеродром:

Стар Аеродром

 

-       Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Пандил Шишков“

-       Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Коста Новаковиќ“

-       Изградба на три нови улици во Индустриска зона (4, 6 и 8)

Мичурин

 

-       Изградба на нова улица

Долно Лисиче

 

-       Изградба на атмосферска канализација

Јане Сандански

 

-       Изградба на тениски центар „Скопје“

Ново Лисиче

 

-       Изградба на нова детска градинка во Ново Лисиче

Урбанизам

 

-       Менување фасади на 10 згради (во урбаниот дел на Општината)

 

Во соработка со Град Скопје:

 

1.    Проширување и реконструкција на булеварите „Трета македонска бригада“, „АСНОМ“, „Србија“ и „Февруарски поход“

2.    Изработка на проект за булеварот „АСНОМ“ на делот во Керамидница до новата сала

3.    Изградба и реконструкција на улицата Васко Карангелевски

4.    Изградба и реконструкција на атмосферска канализација во Долно Лисиче

Како што може да се види, најзначајните проекти предвидени за 2017 година во Општина Аеродром се однесуваат на подобрување на инфраструктурата, образованието и спортот. Со реализација на сите овие проекти во 2017 година, како што рече градоначалникот Коневски, Аеродром ќе остане најдобрата општина во Република Македонија и најпосакувано место за живеење.

Инаку, позначајни капитални инвестиции во Општина Аеродром во 2016 година беа повеќе проекти, меѓу кои:

Мичурин

- Изградба на две нови улици:

„Анастас Митрев 1“ и

„Венијамин Мачуковски 3“

 

Стар Аеродром

- Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Руди Чајавец“

- Изградба на новопроектирана улица меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона во должина од 500 метри

- Изградени нови тротоари во должина од 1,5 километар

- Поставено ново осветлување во должна од 3.500 метри

 

Јане Сандански

- Изградба на пристапна улица покрај реката Вардар од СЦ „Јане Сандански“ до булевар „Србија“ во должина од еден километар

-       Изградба на нови 200 паркинг-места на новата улица

-       Поставено ново осветлување во должна од 4.000 метри

-       Изградени нови тротоари во должина од 2 километри

-       Изградба  на нова детска градинка „Штркче“ со капацитет за 250 дечиња

Ново Лисиче

 

- Изградба на нова улица 8 покрај новите згради на булеварот „Февруарски поход“ во должина од 170 метри

- Нови 930 паркинг-места меѓу зградите

- Изградени нови пешачки патеки покрај булеварот „Февруарски поход“

- Поставено ново осветлување во должна од 9.200 метри

- Пуштен во употреба нов парк од 10 хектари покрај кејот на реката Вардар, втор по големина во Градот Скопје

- Нарачан проект за нова детска градинка „Буба Мара“

 

Населба Лисиче

- Реконструкција на улицата „Гаврил Константиновиќ“ како продолжение на булеварот „12-та Македонска бригада“ во должина од 150 метри

- Пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игралиште

- Нарачан проект за нова детска градинка „Пчелка 1“

- Реконструирани тротоари во должина од 360 метри

 

Горно Лисиче

- Пуштена во употреба реконструираната улица „Горно Лисиче“ во должина од 1,7 километри

- Целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во должина од еден и пол километар

- Изградени нови три моста на Усјанскиот канал

- Поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“

- Осветлување во должина од 750 метри

- Реконструирани тротоари во должина од 3 километри

- Изградба на првата детска градинка во Горно Лисиче „Лавче“ со капацитет за 100 дечиња

 

Образование

- Училишна облека за сите ученици од основните училишта

- Посета на најдобрите ученици на настава во Лондон

 

Животна средина

- Насадени 25.000 нови дрвца и уште толку во претстојниот период кога ќе се подобрат временските услови

 

Култура

- Трет меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“

 

Урбанизам

- Склучен договор за изработка на проекти за реконструкција на фасади за 18 згради

 

                                       Хуманитарна помош

- Донација како помош за поплавените во Гази Баба

 

Во соработка со Град Скопје:

 

- Изградба на нова фекална канализација покрај булеварот „Видое Смилевски Бато“ во должина од 800 метри

- Продолжување на булеварот АСНОМ кон Горно Лисиче во должина од 430 метри

- Нови велосипедски патеки покрај булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“

- Проширување на булеварот „Трета македонска бригада“

 

22.12.2016

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео