На 26.12.2016 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 60-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог-Одлука за давање согласност на Меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Друштво за спорт ТЕННИСПАРК СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје
2. Предлог- Одлука за распределба на блок дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром за 2017 година
3. Предлог- Одлука за распределба на блок дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром за 2017 година
4. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2017 година
5. Предлог-Одлука за давање согласност за примопредавање на движни ствари (мебел) меѓу Општина Аеродром и ЈДГОА „Срничка“
6. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на потребата од започнување постапка за измена на урбанистичко- планска документација
7. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 815 и КП 832/1)
8. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3890)
9. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2557).
21.12.2016
Општина Аеродром
08-04-24