ВО САБОТА ЕКО-АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОПАСЕН ОТПАД

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во сабота, 17.12.2016 година, ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаните заедници „Острово“ и „Мичурин“, каде граѓаните од населбите Острово, 13 Ноември и Мичурин можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Инаку, претходната акција се одржа на 3.12.2016 година, во урбаните заедници „Бисер“ и „Јане Сандански“.

 

14.12.2016     

Општина Аеродром