Стручна конференција за воспитувачите од „Срничка“

ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ СЕ ВРАЌААТ ВО ГРАДИНКИТЕ

Воспитниот тим на градинката „Срничка“ неодамна учествуваше на стручна конференција за воспитувачи, што беше одржана на Тара, Република Србија, со презентација на теоретско-емпирискиот истражувачки проект „Tрадиционалните игри како метод на учење во раниот детски развој“.

Покрај презентацијата на реализираните активности на тема „Мојот дом е омилено место“, присутните учесници на сесијата имаа можност да се запознаат со убавините на македонското фолклорно и културно богатство, како и со начинот на примена на традиционалните игри во воспитно-образовниот процес.

Во текот на работниот дел од конференцијата, присутните воспитувачи  поделени во групи ги изиграа детските традиционални игри и имаа можност да даваат предлози за тие да најдат примена и во нивните градинки. На крајот од сесијата сите учесници на конференцијата ја вкусија традиционалната македонска храна.

 

7.12.2016

Општина Аеродром