ВО ВТОРНИК 59 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 6.12.2016 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 59-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-Буџет на Општина Аеродром за 2017 година

2.    Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година

3.    Предлог-Буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на Буџетот на општината за 2018 година

4.    Предлог - Одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2017 година

5.    Предлог  - Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Аеродром за 2017 година

6.    Предлог - Одлука за  утврдување денарски благајнички максимум за 2017 година

7.    Предлог - Одлука за  утврдување девизен благајнички максимум за 2017 година

8.    Предлог - План за јавни набавки на ОА за 2017 година

9.    Предлог - Програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2017 година

10.  Предлог - Програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2017 година

11.  Предлог - Програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2017 година

12.  Предлог - Програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2017 година

13.  Предлог - Програма за остварување соработка со здруженија и фондации за 2017 година

14.  Предлог - Програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2017  

15.  Предлог - Програма за остварување социјална и детска заштита во ОА за 2017 година

16.  Предлог - Програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2017 година

17.  Предлог - Програма Р – Заштита на животната средина и природа на подрачјето на ОА за 2017 година

18.  Предлог - Програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2017 година

19.  Предлог - Програма Ф – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2017 година

20.  Предлог - Програма Г- Локален економски развој на подрачјето на Општина Аеродром за 2017 година

21.  Предлог - Програма за јавни работи на територија на ОА за периодот на 2017 година

22.  Предлог - Одлука за задолжување на Одделението за односи со јавност на ОА, за преземање активности со цел регулирање договорни обврски кон ангажирани стручни лица во Општина Аеродром

23.  Предлог - Одлука за задолжување на Раководителот на Одделението за комунални работи  на ОА, за преземање активности со цел регулирање договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во ОА

24.  Предлог - Одлука за задолжување на раководителот на Сектор за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање договорни обврски кон ангажирани лица во ОА

25.  Предлог - Одлука за доделување новогодишни пакетчиња за децата на вработените и ангажираните лица во општинската администрација и членовите на Советот на ОА

26.  Предлог - Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче  на подрачјето на ОА во 2017 година

27.  Предлог - Одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2017 година

28.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3947)

29.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект 1 и 2 на КП 3601)

30.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  на КП 3815/1)

31.  Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања на отпремнина за пензионирање и за смрт на член на потесното семејство

32.  Предлог-Одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта на територијата на ОА

 

1.12.2016                                

Општина Аеродром