„БУБА МАРА“ СО БОГАТА ПРОГРАМА ЈА ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

Градинката „Буба Мара“ ја одбележа Светската недела на детето со многубројни активности посветени на детските права.

Децата учествуваа во групно цртање со креди во боја на детската улица во Ново Лисиче, како и во дворовите на градинките, каде креативно се изразија преку своите цртежи. Тие ги погледнаа и куклените претстави „Волшебниот збор“ и „Волшебник“, како и претставата „Во светот на шумските животни“.

Градинката организираше и голем број игри, преку кои се поттикнува и развива натпреварувачкиот дух кај децата, се создава чувство на единство и се зајакнува нивната самодоверба. Во рамки на Детската недела, со разни активности учествуваа и родителите, кои пред децата ги претставија своите професии, а дечињата на возраст од 3 до 4 години учествуваа во работилница „И јас имам право“.

Одбележувањето на Светската недела на детето беше заокружено со приредба по повод празникот 11-ти Октомври, како и групна ликовна работилница во која децата го изработија знамето на Република Македонија.

 

7.10.2016

Општина Аеродром