„ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ“ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Денеска, 20.9.2016 година (вторник), во новиот парк во Општина Аеродром (на последна автобуска постојка на 5 и 15), дечиња од детската градинка „Буба Мара“ и ученици од ООУ „Александар Македонски“ возеа велосипеди и тротинети, садеа цвеќиња и играат разни детски игри, со што се одбележа „Европската недела на мобилност 2016“ во Општина Аеродром.

Вчера, 19.9.2016 година (понеделник), пак, ученици од ООУ „Лазо Ангеловски“, во рамки на активностите на одбележување на „Европската недела на мобилност“ ја разгледаа Зоолошката градина и се едуцираа околу исхраната на животните, а исто така учествуваа и во хранење на морскиот лав.

Инаку, оваа година „Европската недела на мобилност 2016“, која трае до 22-ри септември, се спроведува под мотото „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“.

20.9.2016

Општина Аеродром