ВО ПЕТОК 55 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 16.9.2016 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 55-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-Одлука за утврдување на назив (име) на  нов објект  во состав на  Јавната Установа  за деца -Детска Градинка Буба Мара на општина Аеродром во градот Скопје

2.    Предлог-Одлука за утврдување на назив (име) на објект  во состав на  Јавната Детска Градинка на општина Аеродром  -  Срничка

3.    Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на  објект за  спорт и рекреација – куќа на фудбалот на бул.АСНОМ бб, ГП 01.04, КП 49/5 КО Кисела Вода 2, комплекс 16/2

4.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  по основ на  отпремнина за пензионирање  и  за  смрт на член на потесното семејство

5.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  број 1 на КП 3802)

6.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  број 1 и 2 на КП 571)

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект   број 1  на КП 3436)

8.    Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ОУ “Александар Македонски” за учебната 2016/2017 година

9.    Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ОУ “Блаже Конески” за учебната 2016/2017 година

10. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ОУ “Браќа Миладиновци” за учебната 2016/2017 година

11. Предлог-План за измена и дополнување на План за јавни набавки на ОА за 2016 година

12. Предлог –Одлука за давање согласност за склучување на Договор за соработка за постапување со отпадни батерии и акумулатори, помеѓу Општина Аеродром и „Нула отпад“ ДОО Скопје

13. Предлог –Одлука за давање согласност за склучување на Договор за соработка за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, помеѓу Општина Аеродром и „Нула отпад“ ДОО Скопје

14. Предлог-Oдлука за исплата на парична помош за надмест на патни трошоци за учебната 2016-2017 година, на ученик со посебни образовни потреби

15. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Ѓорѓија Пулевски” за учебната 2016/2017 година

16. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Гоце Делчев” за учебната 2016/2017 година

17. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Александар Македонски” за учебната 2016/2017 година

18. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Димитар Македонски” за учебната 2016/2017 година

19. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Лазо Ангеловски” за учебната 2016/2017 година

20. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Блаже Конески” за учебната 2016/2017 година

21. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Љубен Лапе” за учебната 2016/2017 година

22. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ “Браќа Миладиновци” за учебната 2016/2017 година

 

13.9.2016                                

Општина Аеродром