ПРОЕКТИ ЗА НОВИ ФАСАДИ НА 18 ЗГРАДИ

Општина Аеродром склучи договор за изработка на проекти за реконструкција на фасади на 18 најоштетени станбени објекти на нејзината територија во вредност од околу 2,8 милиони денари.

Во согласност со договорот, предвидено е да се обноват 4 згради во Мичурин, една во Стар Аеродром, 3 во Ново Лисиче и по 5 во населбите Јане Сандански и Острово.

Новите фасади ќе бидат енергетски ефикасни и ќе го задржат автентичниот изглед на зградите.

Се очекува проектите да бидат изработени до крајот на годинава, а првата фаза од нивната реализација се очекува во 2017 година. Колку точно згради ќе добијат нови фасади во првата фаза ќе се знае кога ќе се изработи буџетот за наредната година.

Зградите на кои ќе им се менуваат фасадите, всушност, беа избрани меѓу десетиците, на кои им е неопходна обнова на фасадите, од страна на стручни екипи, кои претходно извршија анализа на терен.

 

22.8.2016

Општина Аеродром