Деновиве почна пријавувањето за петтиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2016“, кој се одржува во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Пријавувањето за турнирот ќе трае до наредниот петок, 26.8.2016 година, додека официјалниот почеток е закажан за 29.8.2016 година.
Повеќе информации околу турнирот може да се добијат на телефонските броеви: 075/442-044 и 075/329-958.
Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците во висина од 300.000,00 денари.
19.8.2016
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.