Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“

СЕ БАРАШЕ СТОЛЧЕ ПОВЕЌЕ ЗА „БАЛКАНСКИ ШПИОН ВО САРАЕВО“

Вчеравечер, 21.6.2016 година, на вториот ден од Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ на отворената сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ над 1.000 гледачи ја проследија претставата БАЛКАНСКИ ШПИОН ВО САРАЕВО од Душан Ковачевиќ во режија на Сулејман Кусуповиќ во продукција на Народен театар - Сараево, Босна и Херцеговина.

Станува збор за драма, чија праизведба се случила во далечната 1983 година во Вршац, и е една од првите комедии на овој автор, што всушност е приказна во која може да се види сатирична фарса, но и примеси на политичка драма. Двигател на дејството е Сабахудин Чворовиќ, кој ја игра и главната улога. Живее и делува по својот принцип, кој му вели дека сè е спротивно од она што изгледа дека е. Живее со својата сопруга Даница, брат му Буџони, ќерката Сања и Ел Салем Жорж Требо, потстанарот, кој се појавува како балкански шпион и за кого Сабахудин верува дека е опасен за државата и дека е агент кој трага по државни тајни... Драмата се состои од два чина, а дејството се одвива во текот на пет дена во семејната куќа на Чворовиќ.

До 29-ти јуни, колку што трае фестивалот, публиката ќе има можност да види уште две претстави од Србија и 4 од Македонија. Претставите почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните е бесплатен.

 

22.6.2016

Општина Аеродром