УТРЕ ПОКРАЈ ВАРДАР ПОЖАРНИКАРСКИ КРОС „ПОЖАРКО 2016“

 Утре, 26.5.2016 година, на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 10:30 часот, по деветти пат ќе се одржи пожарникарскиот крос-натпревар „Пожарко 2016“.

Традиционалниот пожарникарски крос за учениците од основните училишта од градот Скопје се организира по повод 20 мај, денот на пожарникарството во  Република Македонија, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Γрад Скопје.

Право на учество на кросот во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од градот Скопје, а за категоријата 500 метри машки и 400 метри женски право на учество имаат учениците од петто, шесто и седмо одделение само од Општина Аеродром.

 

            25.5.2016

            Општина Аеродром