ВО ВТОРНИК УТРИНСКИ ЈОГА ЧАС ВО ПАРК ВО АЕРОДРОМ

 На 24-ти мај (вторник) јога клубот „Тара“ ја почнува сезоната на бесплатни јога часови во природа. Часовите, како и претходните сезони, се одржуваат во парковите на населба Аеродром, по договор со јогините од клубот.

Оваа акција е наменета за сите, без разлика дали имаат претходно искуство со јогата. Воедно, како што велат во „Тара“, целта е на граѓаните да им се овозможи здрав и енергичен почеток на денот, преку јога вежби, техники за дишење и медитација.

Првиот час во природа, што ќе се одржи во вторник, почнува во 08:30 часот. Собирно место е платото пред ТЦ „Капитол“. Од јога клубот им препорачуваат на учесниците да си понесат чергичка за вежбање.

Вакви јога часови на отворено се предвидени во текот на целото претстојно лето, а термините ќе бидат соопштени преку социјалните мрежи.

 

20.5.2016

Општина Аеродром