НОВИ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 Општина Аеродром почна со изградба на нови пешачки патеки, кои ќе им го олеснат движењето на граѓаните во општината и ќе придонесат за нејзин развој и разубавување.

Имено, градежни активности за изградба на нови пешачки патеки, со вкупна должина од околу 500 метри се вршат на ул. „Февруарски поход“ во Реонски центар „Аеродром“.

Вкупната површина за изведба на пешачките патеки е околу 3.500 квадратни метри со поставени бекатон-плочки во сива и црвена боја.

Со изградбата на пешачките патеки Општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и изградба на нови пешачки патеки на нејзина територија.

 

19.5.2016

Општина Аеродром