Прославен 11-от роденден на Општината

АЕРОДРОМ Е ПОЗИТИВНА ПРИКАЗНА

 Вчера, 12.4.2016 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче Општина Аеродром го прослави 11-от роденден во присуство на најблиските соработници и пријатели на општината.

Градоначалникот Коневски рече дека Аеродром е позитивна приказна, ако се земе предвид фактот дека Општината последниве неколку години доживеа голем развој во поглед на инфраструктурата и на условите за живот за граѓаните, кое особено се однесува за младите, за кои се вложува многу енергија, но пред сè финансиски средства за да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес и за спортување.

Исто така, градоначалникот Коневски порача дека економскиот развој на Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот.

 

13.4.2016

Општина Аеродром