Општина Аеродром им овозможи на граѓаните бесплатни термини за користење на новото фудбалско игралиште покрај кејот на реката Вардар, во близина на спортската сала „Јане Сандански“, и тоа понеделник, четврток и сабота од 20:00 до 22:00 часот. Право на користење на теренот имаат сите жители на Општината, кои правилно ќе ја пополнат пријавата за бесплатен фудбал. Секоја екипа во пријавата треба да остави име и презиме на капитенот, број на играчи и датум кога би се користело фудбалското игралиште. Еден термин можат да користат две екипи. Екипите ќе се избираат по принципот - кој прв ќе испрати пријава за бесплатен термин. Листата на екипите што ќе го користат фудбалското игралиште ќе биде објавувана на општинската интернет страница секој петок во 10:00 часот за наредните седум дена како неделна листа на корисници. Доколку во меѓувреме биде закажан официјален натпревар, терминот ќе се помести што ќе биде објавено на интернет страницата на Општината еден ден претходно. Спортската опрема и реквизитите за фудбал си ги обезбедуваат корисниците, а непосредно пред користењето треба да покажат документ за лична идентификација од капитенот, кој е одговорен за тимот. Со самото пријавување граѓаните се согласни да се користат нивните лични податоци заради спроведување на постапката за бесплатно користење на тениските терени.
Внесете го датумот за кој сакате да го закажете игралиштето или изберете со кликнување на календар иконата