Техника во Општината
Општината Аеродром како новоформирана општина располага со квалитетна опрема со цел да го олесни работењето на општинската администрација за брзо и лесно решавање на проблемите на граѓаните. Општината Аеродром располага со 55 персонални компјутери со TFT монитори, 6 правилно распоредени печатачи и еден мрежен печатач како и со брз безжичен интернет со Wimax уреди. За поголема комуникација меѓу секторите и одделенијата изградена е локална компјутерска мрежа со капацитет од 75 приклучни места, чија структура ја сочинуваат: свичови со 2x24 порти од марката „U.S. Robotics“, 4 приклучни кутии, 2 полици, свичови со 2х8 порти од марката „U.S. Robotics“.